ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ПРОБЛЕМОТ: Лани во Хрватска работеле 13.412 државјани на Македонија

КОЈ Е ПРОБЛЕМОТ: Лани во Хрватска работеле 13.412 државјани на Македонија

124

Македонците се трети на по број на листата на странски работници кои лани официјално имале работни дозволи и работеле во Хрватска.

Според податоците кои ги објави хрватското МВР, лани во Хрватска работеле 13.412 државјани на Македонија. Многумина од Македонија особено во туристичката сезона заминуваат на работа во оваа држава која е дел од Европската Унија и има развиен туристички сектор.

Најмногу странски работници во Хрватска, над 23 илјади, имало од азиската држава Непал. Потоа следуваат Индијците, над 15 илјади странски работници работеле лани во Хрватска.

Освен од Македонија, големи контингенти странски работници во Хрватска има и од Филипини, Бангладеш, Косово, Турција и Албанија. Вкупно Хрватска издала 172 илјади работни дозволи на странци за трајно вработување, што претставува рекорд во оваа држава.

Целиот текст на Скопско ехо – клик ТУКА.