ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТРАГЕДИЈА: Во тешка сообраќајна несреќа загина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски

ТРАГЕДИЈА: Во тешка сообраќајна несреќа загина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски

162

Трагична вест го потресе Вевчани утрово. Во тешка сообраќајна несреќа почина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

Од МВР го потврдија настанот.

– На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга, велат од МВР.

Редакцијата на Читај изразува длабоко сочувство за семејството Мукоски.