ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Западна Македонија не спиеше мирно: Ги разбуди силен земјотрес

Западна Македонија не спиеше мирно: Ги разбуди силен земјотрес

167

Земјотресот, според Сеизмолошката опсерваторија, бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван во Охрид, Струга, Ресен, Битола и Кавадарци.

На триесетина минути по полноќ ноќеска бил почувствуван земјотрес на повеќе места во Охридско-преспанскиот регион. Земјотресот, како што информираа од Сеизмолошката опсерваторија, бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во подрачјето на Преспа. Регистриран е на 120 километри јужно од Скопје.

Потресот бил почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала.

„Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени“, се посочува во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија