Предупредувањето од двајца високи официјални претставници на одбраната на Швеѓаните да се подготват за војна предизвика загриженост и обвиненија за непотребна паника, пишува БиБиСи.
Министерот за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин на конференцијата во неделата изјави дека „може да има војна во Шведска“.
Министерот за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин на конференцијата во неделата изјави дека „може да има војна во Шведска“. Неговата порака потоа беше поддржана од врховниот воен командант, генерал Микаел Биден, кој рече дека сите Швеѓани треба ментално да се подготват за таа можност.
Сепак, опозициските политичари се спротивставија на тонот на предупредувањето. Поранешната премиерка Магдалена Андерсон изјави за шведската телевизија дека иако безбедносната состојба е сериозна, сепак, „не е како војната да е речиси зад аголот“.
Организацијата за права на децата Брис рече дека нејзината национална телефонска линија за помош обично не прима повици за можноста за војна. Но, оваа недела забележа пораст на загрижени повици од млади луѓе кои ги виделе вестите или објавите на TikTok кои зборуваат за тоа.
„Ова беше добро подготвено, не беше нешто што излета“, изјави портпаролката Брис Маја Дал за Би-Би-Си.
„Требаше да дадат информации наменети за децата, кога ќе излезат со такви информации за возрасните“, рече таа.
Експертот за одбрана, Оскар Џонсон, рече дека тонот на предупредувањето на шефот на одбраната е „како бура“ и дека 90 отсто од она што е кажано произлегува од фрустрацијата затоа што се прави премалку за да се изгради цивилна и воена одбрана.
„Времето е ограничено и целта беше да се разбудат агенциите и поединците – изјави тој за Би-Би-Си.
„Шведските вооружени сили се високо компетентни, но не доволно големи за војна. Последниот закон за одбрана вели дека треба да имаме три и пол бригади, додека Украина имаше 25 кога почна војната – вели тој.