ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Што е поверојатно: Да има оставки за директорите или да прекине сообраќајот...

Што е поверојатно: Да има оставки за директорите или да прекине сообраќајот на небото над Македонија?

122

М-НАВ е најпосакуваната државна компанија на ранг листата за вработување во однос на сите државни акционерски друштва и јавни претпријатија, а тоа го покажуваат официјалните податоци за независната финансиска ревизија што друштвото ја ангажирало за работењето во 2022 година.

М-НАВ е услужна компанија со уникатна дејност – го контролира движењето на авионите и други воздухоплови на македонското небо. Тука влегуваат прелетите, полетувањата и слетувањата на пистите на нашите аеродроми. За таа услуга во најголема мерка наплатува од „Еуроконтрол“ суверено тело кое го менаџира европското небо.

Ќе добие ли денес „македонското небо“ нови директори во раководтството на М-НАВ по инцидентотво Контролата на летање? Од Синдикатот на М-НАВ веќе ги пратиле писмата со најава за штрајк и затвопрања на небото кои ќе се активираат ако не биде разрешено раковоидството на М-НАВ.

И додека од Владата на Ковачевски најавува дека нема поместување од најавата за рарзешувањењ , неговиот коалицикси партнер Ахемти и неговите министри се подготвуваат за дебата. Инфорамција дали деновиве од инцидентот до утрешната седница имало комусникација меѓу премиерот и лидерот на ДУИ. Од Мала Речица за тв 24 велат имаат свои аргуемнти.

„Ќе дебатираме. Можеби Владата има посилни аргументи од судот.“ – велат од ДУИ.

За уапдот во М-Нав се осомничлени 8 лица, од кои 4 се во бегство. Директорот Фахрудин Хамиди рече дека нема да си поднесат оставка и дека ќе чека Владата да донесе одлука, а во упадот не виде наислство, туку како што рече кошкање меѓу колеги.