ПОЧЕТНА СВЕТ Хорор утринава од Германија: Пожар во болница, едно лице загина – над...

Хорор утринава од Германија: Пожар во болница, едно лице загина – над 20 се повредени

106

Едно лице загина во пожар во болница во Германија, а 22 лица се повредени, од кои шест се во критична состојба, соопшти денеска противпожарната служба.

Пожарот што избувна синоќа во болница во градот Илсен во Долна Саксонија е брзо изгаснат, а поголемиот дел од повредите се предизвикани од вдишување чад и изгореници, пренесува Билд.

Пожарот што избувна на третиот кат брзо се проширил на неколку болнички соби, по што голем број лица биле евакуирани од болницата.

Во акцијата за спасување учествувале околу 140 пожарникари, се прецизира во соопштението.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни