ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сите Македонци МОРА да го знаат ова: Што точно се случи пред...

Сите Македонци МОРА да го знаат ова: Што точно се случи пред 120 години, кога во Софија ги палеа книгите на Мисирков

172

„Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура…“. Вака, пред полни 120 години, во своето епохално дело „За македонцките работи“ пишуваше големиот Крсте Петков Мисирков. Култното дело, по кое сега се препознава македонскиот народ, е, бездруго, и најголем дострел на Мисирков кој целиот свој живот го посвети на македонскиот јазик и неговиот правопис. Тој беше и борец и за низа други витални прашања врзани за македонската борба за слобода и непречен развој. Капиталното дело беше објавено на 25 декември 1903 година во Софија, Бугарија.

Книгата ги претставува погледите на еден од најголемите македонисти и национални дејци кон македонското прашање, националната свест и пред сè на потребата од завршување на националната афирмација и ослободување на Македонците како посебен народ. Дадено е особено значење на улогата за кодифицирање на литературен македонски јазик.

Во книгата се обработува основање на стандарден македонски јазик, правопис и азбука во контекст на изнесениот политиколошки поглед на тогашната актуелна политичка состојба во Македонија по Илиденското востание. Се даваат научно-теоретски погледи за самобитноста и посебноста на македонскиот народ со историски пристап кон настанокот на другите европски и словенски народи, со единствена замисла и цел за национална афирмација на македонскиот народ во современа модерна европска нација со своја слободна, целовита и независна држава Македонија.

Да, сето тоа се пишувало и обемно образложувало пред цели 120 години!

Делото на Мисирков истовремено ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет. Во самата книга, тој 10 години пред Балканските војни и Букурешкиот мировен договор, ја предвидува можноста од поделба на Македонија меѓу балканските држави, предлагајќи обединување на сите македонски народности, како и интелектуални, револуционерни и ослободителни сили и движења во една и заедничка борба за ослободување на Македонија со цел да се оневозможи ваквиот процес.

Целиот текст на Скопско Ехо – клик ТУКА.