ПОЧЕТНА СВЕТ Деветти протест во Белград, демонстрантите побараа ослободување на уапсените

Деветти протест во Белград, демонстрантите побараа ослободување на уапсените

98

Стотици граѓани вечерва од собир пред Палатата на правдата во Белград побараа ослободување на сите уапсени по инцидентите на неделниот протест пред градското собрание.

Лидерите на опозицијата, која го организира протестот порачаа дека нема да остават ниеден граѓанин на милост и немилост на како што ја нарекуваат „полицијата на Вучиќ“.

Организаторите на протестот повикаа и утре да се излезе на улиците, најпрво како поддршка на студентите на пладне, а потоа и нов протест пред Републичката изборна комисија во 18 часот.