Пред седиштето на Републичката изборна комисија започна голем протест на граѓаните и опозицијата, чие барање е да се откажат изборите и да се распишат нови, поради обвинувањата за огромни нерегуларности.
Властите распоредија полициски сили за да спречат влез во Градското собрание, а потпретседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ, ја повика полицијата која со штитови ги држи вратите, да излезе надвор и да „застане на страната на народот“.
Според информациите од дел од српските медиуми откако лидерите на опозицијата се обидуваат да влезат во Градското собрание од прозорецот на објектот бил фрлен и солзавец.
Претседателот Александар Вучиќ се очекува наскоро да се обрати во врска со обидот за насилна инвазија на градското собрание во Белград од страна на претставници на листата „Србија против насилството“.
Претходно толпата ја скрши влезната врата и се обидува да влезе во Градското собрание. Некои од поддржувачите кршат прозорци со камења, ги сквернават српските знамиња и палат факели.
— karniles (@karniles8210) December 24, 2023