ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СДСМ нема да ги поддржи интерпелациите на ДУИ: Не се потребни нови...

СДСМ нема да ги поддржи интерпелациите на ДУИ: Не се потребни нови етнички поделби

89

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска информираше дека СДСМ нема да ги поддржи интерпелациите предложени од ДУИ, поради тоа што, како што наведе, не сакаат нови етнички поделби.

-Остануваме на ставот, тоа е и одлука на Извршниот одбор на партијата, нема да ги поддржиме и нема да гласаме за интерпелациите што се поднесени од ДУИ. Не се потребни нови поделби по етничка основа, за поднесување на интерпелација потребно е да се видат критериумите и секако сите оние аргументи коишто се поврзани со лошото работење на некој министер за да може да бидат тие поднесени и да бидат поддржани а не по етничка линија. Пратеничката група на координација ќе ги усогласи настапот на седницата, рече Кузеска.