ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мостот кај Башино село е затворен за сообраќај

Мостот кај Башино село е затворен за сообраќај

22

Мостот на реката Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15 ноември лани е затворен за сообраќај за сите видови возила.