ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27...

Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април

6

Јавното обвинителство за гонење на огранизиран криминал и корупција се повлекува од гонење на дел од организаторите на 27 април.

Денешното рочиште не се одржа откако обвинителот поднел мислење дека Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски треба да бидат опфатени со Законот за амнестија од 2018-та и за нив судењето треба да запре. Ваков предлог нема само за 4то обвинетиот Владимир Атанасовски кој се гони од позиција на поранешен директор на УБК.

Мислењето следи откако Апелација во април ја укина пресудата на Кривичен, предметот го врати на повторно судење со инструкции во предвид да се земе Законот за амнестија од 2018-та.

„Обвинетите бараат примена на овој закон, кое нешто како уставно право секако им припаѓа, да се повикаат на примена на институтот кој е отелотворен во донесениот закон за амнестија. Оттука барањето на одбраната за примена на законот, за нивен еднаков третман пред законот како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори“, стои во мислењето на ОЈО ГОК.

Одбраната вели дека ова е нивно барање уште од почеток на судењето.

Дали судењето за Вељановски, Ристовски и Јанакиевски сепак ќе запре, последниот збор ќе го има Кривичен на следното рочиште закажано за 23 јануари. Сите тројца веќе 6 години се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста како организатори на настаните во собранието од 27 април. Во 2021ва Кривичен ги осуди на затворски казни од 6 ипол години, пресуда која второстепениот суд ја укина.

За истото кривично дело во одвоена постапка со Законот за амнестија, ослободени од вина беа дваесетина обвинети, меѓу кои 4ца тогашни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.