ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна и во лето и во зима,...

СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна и во лето и во зима, граѓаните заглавени во снегот, а државните служби повторно се изненадени

103

Секој ден се повеќе станува јасно дека неспособноста на оваа власт не само што е алармантна, туку и опасна за безбедноста и секојдневниот живот на граѓаните, оценуваат од СДСМ.

-Патиштата ширум државата се целосно неисчистени, граѓаните остануваат заглавени во снегот, а државните служби повторно се „изненадени“ од временските услови, како да е јули а не декември. Превојот Стража е блокиран и не може да се помине. Автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, кој е од клучно значење, не е исчистен, а движењето по превојот Плетвар е отежнато, со сериозни ризици за возачите. Патот до Галичник е непрооден веќе еден месец, оставајќи го локалното население во целосна изолација. Граѓаните се оставени сами на себе, додека Македонија пат и Министерството за внатрешни работи не покажуваат никаква координација или способност за решавање на проблемите.

Летото зад нас го обележаа катастрофални пожари, при што изгореа десет проценти од територијата на државата, поради несоодветно управување и задоцнета реакција. Наместо да научи од своите грешки, власта продолжува со истата епска неспособност и денес, во зимски услови, го доведува населението во сериозен ризик, реагираат од опозициската партија.

СДСМ уште еднаш укажува дека ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане да ги игнорира своите обврски кон граѓаните и да почне да работи, да управува со државата со сериозност и одговорност. Ако не се способни да го направат тоа, како што додаваат, нивното место е надвор од власта, бидејќи државата и нејзините граѓани заслужуваат подобро, завршуваат од СДСМ.