ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите – повисоки цени наместо...

СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите – повисоки цени наместо пониски

253

Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија.

Основните прехранбени производи веќе не се достапни за сите, тие сега стануваат луксуз. Оваа состојба е директна последица на неспособноста и манипулациите на власта предводена од Мицкоски со така наречените кошнички кои немаат никаков ефект.

Изматата со „новогодишната кошничка“ се гледа во маркетите, наместо пониски има повисоки цени. Фактите зборуваат сами за себе:

Цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари.

Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување.

Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм.

Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари.

Ова се фактите кои потврдуваат дека мерките на власта не ја олеснуваат, туку ја влошуваат ситуацијата за граѓаните.

Трговците прво ги зголемија цените, а потоа мерките стапија во сила, без никаква реална корист за луѓето.

Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните.