Од ДУИ велат дека смртта на уште едно дете во Детската клиника е трагедија која не смее да помине без одговорност.
-Ова е петти пат како слушаме за загуба на дете за помалку од два месеци, додека здравствениот систем е оставен на автопилот, а министерот за здравство се занимава со партиски агенди. Од едно интервју до друго, министерот е повеќе во партиските игри отколку во министерството, додека нашите најмили ја плаќаат цената на некомпетентноста и негрижата. Ова го премина секој праг на хуманото и прифатливото, додаваат од ДУИ.
Во име на одговорноста кон граѓаните, ДУИ бараат итна оставка на директорот на Клиниката и министерот за здравство.
-Невидената неспособност и неодговорност веќе ги одзема животите на нашите најмили. Ова е аларм кој не смее повеќе да се игнорира!, велат од ДУИ.