ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Амбасадорите со поголеми плати и подолг мандат, предлага МНР

Амбасадорите со поголеми плати и подолг мандат, предлага МНР

33

Министерството за надворешни работи предлага измените на Законот за надворешни работи, кој ќе се носи во редовна постапка, со вклученост на јавноста.

Министерот Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција рече дека со овие предлог-законски измени се создава законска основа за реализација на два важни приоритети на Министерството и Владата.

Првиот приоритет е професионализацијата на дипломатската служба и подобрување на работењето и функционирањето на целокупниот државен систем вклучен во дипломатските процеси. Вториот приоритет е преземањето на надлежностите во делот на надворешната трговија и инвестициите.