ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДУИ пред Уставен суд: „Стража на јазикот“ за одбрана на Законот за...

ДУИ пред Уставен суд: „Стража на јазикот“ за одбрана на Законот за јазици

346

Високи партиски функционери на ДУИ и нивни поддржувачи вечерва се собраа пред Уставниот суд, каде што одржаа вонредна прес-конференција. Пред медиумите зборуваше Арбр Адеми, поранешен министер за образование и наука, истакнувајќи ја важноста на Законот за јазици и неговото зачувување.

„Ова не е обичен ден. Денеска повеќе од било кога треба да го заштитиме тоа што сме го добиле со многу труд и крв. Законот за јазици не е само правен акт – тој стави мир во државата преку Охридскиот договор. Укинувањето на законот значи уривање на темелите на овој договор,“ рече Адеми.

ДУИ го најави формирањето на иницијативата „Стража на јазикот“ и најави постојано присуство пред Уставниот суд.

Судската седница за оценување на уставноста на Законот за јазици е закажана за 11 декември.