Руското министерство за надворешни работи објави денес дека претседателот на Сирија Башар ал Асад ја напуштил земјата и функцијата откако наредил мирно предавање на власта.
Во соопштението руското министерство не кажа каде се наоѓа Асад. Се истакнува дека Русија не учествувала во разговорите околу неговото заминување.
Се наведува дека руските воени бази во Сирија се во состојба на висока готовност, но дека во моментов нема закани за нив. Според соопштението, Москва е во контакт со сите сириски опозициски групи и ги повика сите страни да се воздржат од насилство.
Сириските џихадистички групи ја преземаа денес контролата над Дамаск и го урнаа Асад од власта, завршувајќи го децениското владеење на неговото семејство по 13-годишната граѓанска војна.