Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите македонски државјани кои се наоѓаат во Сирија, да ја напуштат државата во прва можна прилика. Предупредувањето доаѓа поради влошената безбедносна состојба во оваа држава и исто така МНР упатува апел да се одложат сите патувања кон Сирија.
Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија.
Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ).