ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Падна одлука: Третоодделенецот ќе учи онлајн, прекин на бојкотот на наставата

Падна одлука: Третоодделенецот ќе учи онлајн, прекин на бојкотот на наставата

68

Во текот на денешниот ден во училиштето Лазо Ангеловски во Скопје беше присутен нов тим составен од страна на Центарот за социјални работи, за разрешување и следење на состојбата со актуелниот проблем со кој се соочуваме.

„При тоа се донесе Заклучок со препорака детето да продолжи со online настава до крајот на полугодието со цел меѓувреме да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението. Со оглед на денешниот развој на ситуацијата, нашите барања детето да не биде физички присутно во училиштето се прифатија. Целта на бојкотот на наставата е постигната. Сега понатаму интензивно институционално ќе се решава проблемот, а ние имаме услови да го прекинеме бојкотот и децата да продолжат нормално да следат настава“, соопштија надлежните.

Соопштение испратија и родителите во кое известуваат дека бојкотот е прекинат и дека децата се враќаат од вторник во редовна настава.