ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Жител на Велешта споделувал слики и видеа со детска порнографија на Телеграм,...

Жител на Велешта споделувал слики и видеа со детска порнографија на Телеграм, Вајбер и Сигнал

52

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен акт против 38-годишен жител на Велешта за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според обвинението, лицето во периодот од ноември минатата година до мај годинава споделувало и дистрибуирало фотографии и видеа со детска порнографија преку различни апликации, вклучувајќи Телеграм, Вајбер и Сигнал. Претресот во неговиот дом открил голем број материјали со таква содржина зачувани на неговите мобилни телефони.

Обвинителството побара продолжување на притворот за обвинетиот, како и конфискација на неговите уреди, кои биле користени за извршување на кривичното дело.

Случајот е дел од напорите за зајакнување на борбата против сајбер-криминалот и заштита на малолетниците.