ПОЧЕТНА СВЕТ Дојава за бомба во два трговски центри – вистински хаос во Белград

Дојава за бомба во два трговски центри – вистински хаос во Белград

17

Два трговски центри во Белград денеска добиле дојава за бомба, пишува „Евроњуз Србија“.

Дојавата за подметнати бомби пристигнала во 13 часот во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“. Непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа.

Во моментот во тек е евакуација на посетителите во овие трговски центри.