ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Грејната сезона започнува на 15 октомври

Грејната сезона започнува на 15 октомври

10

Грејната сезона започнува на 15 октомври и ќе заврши на 15 април, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

Доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април.

„РКЕ апелира до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите, и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници. Во исто време, РКЕ и со официјален писмен допис побара од снабдувачите со топлинска енергија информација за спремност за старт на грејната сезона“, соопшти РКЕ.

Согласно последната одлука од 1 август 2024, сметките за топлинска енергија за домаќинствата се пониски за 3,16 отсто, додека околу 1200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат пониска цена за 17 отсто.