ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СРЕЌНА ВЕСТ: Во последен момент спасен пливач во Дојранското Езеро

СРЕЌНА ВЕСТ: Во последен момент спасен пливач во Дојранското Езеро

62

Пливач во последен миг бил спасен вчера во водите на Дојранското Езеро, информираат од ЦУК.

Како што информираат оттаму, вчера околу 16.30 часот било побарано помош за лице коешто пливало во езерото во лоши временски услови проследени со ветер, бранови и езерски струи.

„Лицето е пронајдено живо од страна на полициски службеници од ПС Дојран. Конкретно од СВР Струмица известија дека лицето испливало до брегот во близина на грчката граница, од каде што е земено од страна на припадниците од МВР и е надвор од животна опасност. Инаку, полицајците од ПС Дојран со чамец на концесионерот на езерото беа излезени на теренот при силен ветер и бранови и вршеа пребарување на Дојранското Езеро на местото каде што било забележано лицето. ДЗС немаше чамец на Дојранско Езеро“, велат од ЦУК.