ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Министерот Љутков тврди дека во моментов, не се знае во чие владение...

Министерот Љутков тврди дека во моментов, не се знае во чие владение е Универзалната сала

138

Во моментов, не се знае во чие владение е Универзалната сала во Скопје откри министерот за култура Зоран Љутков…

Во моментов не се знае во чие владение е универзалната сала во Скопје – вели министерот за култура Зоран Љутков. Според него, преземањето на ингеренциите меѓу министерството за култура и Град Скопје било незаконско, и најави кривични пријави за како што кажа, сите инволвирани во процесот. Тој посочи дека засега состојбата останува статус кво, бидејќи уште со првиот негов потпис ќе сторел кривично дело, па оттаму вели се прават анализи како законски да се постапи и ингеренциите целосно да се вратат кај градот.

„Се работи за незаконско преземање од Град Скопје, кон министерство за култура. Министерство за култура и туризам не може да го гради тој објект. Сега не се знае во чие владение е Универзална сала, така е не се знае, затоа е и стопиран процесот затоа што ние не можеме како министерство за кулутра, како владина институција да финансираме или да градиме објект, локална установа, по закон не можеме да градиме локална установа, по закон не можеме да градиме локална установа.“

Универзална сала е наведена како водечки проект за „Скопје – европска престолнина на културата“ за 2028 година, па стравувањата дали истата ќе добие нов сјај до тогаш остануваат. Министерот Љутков уверува, дека Универзална ќе се реконстурира, но како што налага законот.

„Скопје во 2028 година ќе ја има Универзална сала и тоа ќе ја има на законски и на легален начин, ова што е направено досега е незаконски и нелегално и подлежи на кривични пријави, она што ние ќе го направиме, е ќе го запреме ваквото дивеење и ваквото незаконско работење, ќе ја вратиме постапката и на најтранспарентен и на најлегален начин Скопје ќе биде европска престолнина на културата, со нова Универзална сала и ќе се гордее со таа универзална сала, бидејќи ќе биде изработена законски.“

Преносот на ингеренциите, како што тогаш се тврдеше, се направи на почетокот на годинава по долги меѓусебни обвинувања и преговори, а од министерството за кулутра уверуваа дека реконструкцијата ќе се направи за три години, а беше посочено и дека истата ќе се одвива во две фази, една за фасада и кров, а другата за уредување на внатрешноста, беше распишана и јавна набавка за надзор на втората фаза преку меѓународен тендер. Универзална во меѓувреме беше зафатена и од сериозен пожар поради кој падна куполата.