ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна

Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна

85

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредни инспекциски контроли и кај оператори со храна во Кавадарци.

Недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница на кои им се изречени парични казни за пласирање во промет на небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица.

Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти.

Уништени се 87 килограми небезбедна храна ( месо, замрзнати производи, замрзната риба).