Жител на село во неготинско вчера бил уапсен затоа што во семејниот дом ја нападнал и ѝ се заканувал со нож на невенчаната сопруга, соопшти МВР.
„Полициски службеници од ОВР Неготино го уапсиле С.У., на возраст од 47 години од неготинско село, затоа што во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 34-годишна вонбрачна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет“, соопшти МВР.
Предметот бил одземен, а С.У. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.