ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Поднесено обвинение против Бесија Иљази, поранешната организациска директорка на Токсикологија

Поднесено обвинение против Бесија Иљази, поранешната организациска директорка на Токсикологија

106

Јавното обвинителство покрена обвинение против поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази.

Во писменото соопштение не се споменува нејзиното име, но според содрќината на обвинението се совпаѓа со Иљази која овозможила 17 луѓе да бидат беззаконски на договор на дело, а за тоа да земаат паричен надоместок од буџетот на клиниката. На овој начин, додаваат од Обвинителство, буџетот на Клиниката бил оштетен за сума од десет илјади евра.

„Организациската директорка постапила спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и законот за здравствена заштита. Во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман“.-ЈОРМ.

Освен овие лица, обвинетата на списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи. Вработените од клиниката со допси до медиумите регаираа дека трпат притисок од Иљази. Таа остана како директорка откако министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор д-р Данил Петровски. Според Демири таа не направила никакво прекршување, а Петровски навредувал на етничка основа. Иако Петровски тврдеше дека незаконското работење нема врска со етничката припадност на Иљази. Во јавноста привлече и внимание со непознавањето на македонскиот јазик.

И покрај реакцијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат каде рекоа дека договорите за вработување се спорни и им се забрани пристап на тие што работат со неважечки договори ангажирани од страна на Иљази доаѓаа на работа во токсикологија.