ЈП „Лајка“ денес добило пријава дека куче паднало во реката Вардар во Скопје, но пред екипата на јавното претпријатие да успее да стигне да интервенира, побрзи биле неколкумина граѓани кои го забележале и го спасиле кучето.
Од „Лајка“ информираат дека кучето од расата шкотски овчар е однесено во нивното прифатилиште и дека таму ќе остане се до пронаоѓање на сопствениците и негово враќање.