30-годишен жител на Скопје доби кривична пријава откако, според полицијата, при купување на возило во Кавадарци, меѓу другите банкноти подметнал и три фалсификувани во апоени од 100 евра.
„СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.И.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 01.04.2024, при купопродажба на возило во Кавадарци, пријавениот пуштил во оптек три фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра“, велат од полицијата.