ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТРК до маркет: Од денеска пониски цени во продавниците – стартува примената...

ТРК до маркет: Од денеска пониски цени во продавниците – стартува примената на Есенската кошничка

113

Стапува на сила владината одлука за ограничување на маржите до 10% на над 70 производи. Со есенската кошничка се опфатени брашното, лебот и пекарските производи, тестенините, оризот, зејтинот, месото, млечните производи, јајцата, овошјето и зеленчукот, теглите со ајвар, шеќерот, млечното чоколадо, повеќе видови зачини и меленото кафе.

На рафтовите и фрижидерите каде стојат овие производи, трговците мора да стават етикети со натпис „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Мерката ќе биде на сила до крајот на октомври и според очекувањата треба да ги намали трошоците за храна во просек за околу 10 отсто.

Според најавите, по примерот на есенската кошница, ќе се прави и новогодишна, божиќна, рамазанска и велигденска кошница. И тие ќе имаат ограничено времетрање од околу еден месец кога вообичено поскапуваат основните прехранбени продукти.

По завршување на оваа мерка, Владата не очекува нагло зголемување на цените на основните прехранбени продукти оти од следната недела ќе профункционира и Законот за нефер трговски практики.

Со него покрај ограничената маржа, трговците нема да смеат да наплаќаат за маркетинг, репрезентација и за истакнување на одредени производи на полица.