ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Откако земјотрес ги вознемири скопјани, Сеизмолошката опсерваторија објави совети за граѓаните

Откако земјотрес ги вознемири скопјани, Сеизмолошката опсерваторија објави совети за граѓаните

378

Откако граѓаните на главниот град синоќа се разбудија од земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, Сеизмолошка опсерваторија од Природно-математичкиот факултет со он лајн брошура ги потсети граѓаните што треба да прават во случај на земјотрес.

Освен земјотресот кој околу 2 часот по полноќ го здрма Скопје, неколку часа подоцна земјотрес имаше и на околу Лазарополе. Во двата земјотреса нема повредени, ниту пријави за материјални штети, но граѓаните беа вознемирени и за тоа коментираа на социјалните мрежи.

Затоа Сеизмолошката опсерваторија потсетува на основните работи што треба да се преземат при земјотрес. Тие сугерираат дека граѓаните кои земјотресот ќе ги затекне на отворен простор, треба да се оддалечат од зградите, бандерите и високите дрвја, а доколку се во автомобил, тогаш да застанат покрај патот на отворен простор. Се препорачува да се откопча сигурносниот појас и да не се застанува покрај мост или тунел.

На граѓаните им се сугерира да не ги користат скалите ии лифтовите за време на земјотрес, а во училиштата на учениците им се советува да се сокријат под клупа.

Тие исто така истакнуваат дека за било каква помош треба да се контактира бројот 112.