ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Николоски: Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ

Николоски: Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ

184

Албанија никогаш нема да стане членка на Европската Унија заради погледите на Унијата, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Тој во гостувањето на Канал 5 рече дека треба да му се верува на неговиот збор затоа што, како што нагласи, своевремено тој излезе со тврдење дека интеграцискиот пат на Македонија и Албанија ќе биде споен, што и се оствари.

„Двете земји одеа самостојно по интеграцискиот пат, но со политичка одлука тие беа споени, како и што имав речено пред тоа да се случи. А кога тоа го изјавив, никој не само што не веруваше, туку и самата Влада тоа преку соопштение го оцени како научна фантастика. Но, ете, таа научна фантастика за жал се оствари“, рече Николоски.

Според него, за спојувањето на двете земји во напредокот кон ЕУ тогаш основа била најдена во договор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји.

Николоски го прецизираше своето тврдење:

„Јас ви гарантирам дека Албанија никогаш нема да стане членка на Европската Унија. Убеден сум во тоа што го зборувам. Не заради Албанија, туку заради погледите на Европската Унија“, рече Николоски.

Не може Украина од нигде-никаде да стане членка на ЕУ, а земјите од Балканот кои со години работат на исполнување на условите да останат во чекалницата, додаде вицепремиерот.