Нов вознемирувачки случај на насилство меѓу малолетници – во близина на скопско училиште попладнево група тинејџери нападнале момче, кое во нападот било претепано и прободено со нож, по што било пренесено во Клиничкиот центар, каде му е укажана лекарска помош.
„Денеска (17.09.2024) пријавено е дека во близина на училиште во Скопје малолетник од Скопје бил нападнат со остар предмет од неколку лица, најверојатно малолетници. Лицето е пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.