ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога

Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога

25

Вчера во 20.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 41-годишниот Б.И. од Куманово, извести МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и дигитална вага. Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.