ПОЧЕТНА СВЕТ СТРАШНО: Бројот на жртвите од поплавите во Централна и Источна Европа се...

СТРАШНО: Бројот на жртвите од поплавите во Централна и Источна Европа се зголеми на 15

7

Бројот на жртвите од поплавите во Централна и Источна Европа што ги донесе циклонот Борис се искачи на 15, а тоа е најлошата поплава во последните две децении на подрачјето од Австрија до Романија.

Во Чешка повеќе од 12.000 луѓе се евакуирани, а четвртина од домаќинствата останале без електрична енергија, јавува Ројтерс.

Поплавите од минатиот викенд во Романија однесоа шест животи, додека во Австрија загинаа еден пожарникар и двајца мажи на возраст од 70 и 80 години.