ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Започнат е процес на спојување на тајните служби

Мицкоски: Започнат е процес на спојување на тајните служби

87

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Алсат потврди дека е започнат процес на спојување на институциите на тајните служби, а тоа се Агенцијата за контраразузнавање, Националната агенција за безбедност и Управата за безбедност и класифицирани информации. Процесот треба да заврши до крајот на пролетта следната година.

Во однос на прашањето за невклучување на Албанците на клучни позиции во безбедносни органи, Мицкоски рече дека овие прашања не треба да се етнизираат. Но, објасни дека откако ќе се формира новата институција, првиот човек ќе биде предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а заменикот ќе биде коалицијата ВЛЕН.

Инаку, планот за обединување на тајните служби постоеше уште од времето на владата на Заев, но беше ставен во мирување, со образложение дека се уште не созреале условите.Агенцијата за национална безбедност во моментов е под надлежност на владата, додека Агенцијата за разузнавање е под надлежност на претседателот. Се уште не е познато како ќе изгледа оваа институција по спојувањето, поделбата на внатрешните сектори, помошниците директори и нивните улоги во водење на операциите. Експертите, за Алсат изразија резервираност за овој процес, нагласувајќи дека колку е поделена моќта, толку е поголема функционалноста на безбедносните институции, а помала е концентрацијата на моќта кај еден човек.