ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Голем пожар над манастирот Свети Никола во Прилепец, жителите молат за помош

Голем пожар над манастирот Свети Никола во Прилепец, жителите молат за помош

730

Вечерва голем пожар се шири над манастирот Свети Никола во прилепското село Прилепец. Жителите молат да се заштити манастирот од големиот пожар, но силниот ветер дополнително го разгорува огнот.

Алармантна исто така е и ситуацијата кај селото Крушевица за каде исто така од Општина Прилеп упатија апел до граѓаните кој може итно да замине таму за да се спаси самото село.