Во ист ден исчезнаа две деца од две различни установи за згрижување деца во Скопје.
Вчера во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Подоцна во 13.15 часот во Полициската станица Центар, од установа за згрижување на деца на подрачје на општина Центар било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка В.Б.(15).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.