ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Долго се чека на Табановце и Богородица, уште подолго на границите во...

Долго се чека на Табановце и Богородица, уште подолго на границите во регионот

81

Долги колони возила и денеска има на граничните премини Табановце и Богородиица за влез и излез од Маедонија. Од АМСМ информраат за зголемена фреквенција на овие премини, а не е наведено колку време се чека. На останатите гранични премини, според АМСМ, нема подолги задржувања. Инаку, зголемена е фреквецијата и на граничните премини во земјите од регионот, а најдолго се чека за влез од Србија во Хрватска.

Иако главната турстичка сезона помина, голем бројот на туристи топлиот септември ќе го искористат за да го потрошат својот годишен одмор.

Сепак, поголем е бројот на возила кои од Грција, низ Македонија, се движат кон Србија, а оттаму и кон Хрватска или Унгарија, потоа и кон други европски држави.

Според информациите од патници, викендов за влез во Србија кај Табанвце се чекало и до два часа. Викендот се поклопи со враќање на дел од туристите и поради почетокот на училишната година, а голем е и бројот на гастарбајтери од регионот кои се враќаат во земјите на ЕУ откако одморите ги минале во родниот крај.

Според информациите од патници, како и од медиумите од регионот, најдолго се чека на граничниот премин Батровци – Бајаково, за влез во Хрватска од Србија, каде колоните возила се долги со километри. Таму викендов се чекало и по 6 часа за да се влезе во Хрватска. Со часови се чека и на Хоргош за влез во Унгарија од Србија.