ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВМРО-ДПМНЕ: Очаен протест на СДС, Венко нема поддршка од своето членство, а...

ВМРО-ДПМНЕ: Очаен протест на СДС, Венко нема поддршка од своето членство, а не пак од наставниците, треба да си оди од политиката

40

Очаен протест на СДС, Венко нема поддршка од своето членство, а не пак од наставниците, треба да си оди од политиката, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

20 тина активисти на СДС и Венко Филипче, така изгледаше фамозно најавуваниот протест пред МОН вчера. Венко Филипче нема поддршка од наставниците, затоа што знаат дека е лицемерен. До вчера Венко Филипче беше власт и можеше да им ги покачи платите, тоа не го стори. Венко Филипче очигледно е пуштен низ вода и во СДС од тие кои му кажале да организира протест, на кој има помалку луѓе отколку функционери во СДС. Филипче треба да си замине од политиката. Нема поддршка од никого. А СДС треба силно да се реформира. За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ мисли на наставниот кадар. Платите на наставниците ќе се зголемат од март, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наставниците ќе добијат поголеми плати во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од владејачката партија.