ПОЧЕТНА СВЕТ Израел вели дека по грешка погодил возило на ОН кое доставувало храна

Израел вели дека по грешка погодил возило на ОН кое доставувало храна

43

Израел им соопшти на Соединетите Држави дека прелиминарната истрага покажала дека истрелите врз возилото на Светската програма за храна (ВФП) во Појасот Газа биле испукани по „грешка во комуникацијата“, изјави во четвртокот американскиот заменик претставник во Обединетите нации.

„Ги повикавме итно да ги поправат проблемите во својот систем“, рече Роберт Вуд на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Газа.

„Израел не само што мора да ги признае своите грешки, туку мора да преземе конкретни акции за неговите војници повторно да не пукаат врз персоналот на ОН“.

ВФП привремено ја суспендираше работата на својот персонал во Газа во средата, велејќи дека најмалку десет куршуми погодиле едно од нејзините јасно обележани возила додека се приближувало до израелски контролен пункт.

Се додава дека конвојот од две оклопни возила добило „неколку одобренија од израелските власти да се приближи“ до контролниот пункт кај мостот Вади Газа во вторникот вечерта. Куршумите го погодиле едното возило, но никој не е повреден, соопшти ВФП.