ПОЧЕТНА СВЕТ МОЌНО: Србија купува 12 нови Рафали од Франција, позната е и цената

МОЌНО: Србија купува 12 нови Рафали од Франција, позната е и цената

254

Србија вчера потпиша договор со Франција за купување на дванаесет нови борбени авиони Рафал во вредност од 2,7 милијарди евра.

Договорот потпишан од српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ и извршниот директор на Dassault Aviation Ерик Трапиер вклучува целосен логистички пакет, резервни мотори и делови за овие повеќенаменски авиони.

Договорот беше потпишан во склоп на посетата на Белград, на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека купувањето на Рафали е „јасен избор што ја претставува волјата за долгорочен сојуз меѓу двете земји во рамките на силна, суверена Европска унија“.

„Ова ќе придонесе за значително зголемување на оперативните способности на нашата армија“, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција со Макрон.

Делегациите на Србија и Франција потпишаа дванаесет документи, вклучително и за партнерство и соработка во истражување и експлоатација на критични и стратешки минерални суровини.

Макрон рече дека Србија има место во Европската унија и дека на Унијата „и треба силна Србија“, а на Србија и треба „силна и суверена ЕУ за да ги брани своите интереси“.

Тој додаде дека ќе продолжи да покренува иницијативи во рамките на европската политичка заедница во која се почитува и слуша гласот на Србија и го охрабри Белград да ги применува договорите со Косово од Брисел и Охрид, со поддршка за формирање Заедница на српски општини во Косово.

Макрон доаѓа во Србија во време на големи предизвици со кои се соочува Вучиќ, пред се во време на се помасовни и жестоки протести против ископувањето на литиум, што српскиот државен врв го гледа како голема економска можност и економско позиционирање во регионот и Европа, а еколошките активисти, граѓанското општество и опозицијата како корумпиран бизнис и долгорочна закана за животната средина со несогледливи последици.

Макрон и Вучиќ се сретнаа неколку пати во последните месеци на различни европски и светски форуми, последен пат за време на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, кога Вучиќ ја најави посетата на Макрон на Србија на крајот на август.

Францускиот претседател денеска ќе го посети Нови Сад.