ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

55

ЈСП денеска информира дека учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Всушност, додаваат од ЈСП, сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“.

-Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.

Притоа, се додава во него, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.

Од ЈСП потсетуваат дека средношколските билети за бесплатно користење јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии.