Полицијата извести дека вчера било пријавено дека во селото Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б.(59), која починала на местото на настанот.
Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.