ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гаши за одењето по невеста: Сите сакаме малку приватност, но протоколот е...

Гаши за одењето по невеста: Сите сакаме малку приватност, но протоколот е строг

85

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, првпат се изјасни во врска со обвинувањата за неговото патување со службен автомобил на свадба во Косово, каде што предводеше сватовска поворка.

Вели дека строгиот протокол не му дозволувал да патува со приватен автомобил, но при тоа не одговори зошто не се евидентирал на пасошката контрола.

„Согласно законот и владината регулатива, јас сум должен како претседател на Собранието да се возам насекаде со службен автомобил. Не сакам ова да биде така. Сите сакаме да имаме малку приватност. Јас воопшто ја немам и за жал во овој случај дефинитивно морав да патувам со службен автомобил на приватен настан“, изјави Гаши.

Спикерот потврди дека на 3 септември на дневен ред во Собранието е закажана неговата интерпелација.