Африм Гаши, претседателот на Собранието денеска ќе ја има првата неформална средба со медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието.
Во меѓувреме не прекинуваат преписките околу неговата интерпелација, која е закажана за 3. септември. Интерпелацијата е поднесена од пратениците на политичката партија „Левица“.
ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нема да поддржи интерпелација, додека СДСМ својот став ќе го соопшти во текот на оваа недела.