ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонска државјанка уапсена во Косово поради измама

Македонска државјанка уапсена во Косово поради измама

138

Косовската полиција соопшти дека во неделата уапсила државјанка на Северна Македонија, под сомнение за измама, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешниот 24-часовен извештај на полицијата се наведува дека осомничената измамила лице во врска со одредена исплата на 12 јули во градот Подујево.

„На 25.08.2024 година, уапсена е осомничена жена, државјанка на Северна Македонија, која ја измамила жртвата од машки пол, Косовар, во врска со исплата“, се вели во соопштението.

По налог на надлежен обвинител, на осомничената ѝ е одредена мерка притвор.