ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

1665

Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Северна Македонија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, автомобилот со кој управувал 55-годишниот директно се судрил со друг автомобил управуван од 44-годишна жена.