Кавадаречката фабрика „Ником“ изгоре во пожар. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи на „Комуналец“, Шумското стопанство „Бор“, како и екипи од Велес и од Неготино.
Пожарот бил локализиран околу 01:30 часот, но екипа на ТТПЕ Кавадарци останала да дежура во теќот на ноќта и да ја следи состојбата.
За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на Фејсбук напиша дека Територијалната противпожарна единица интервенирала во полн состав од 30 пожарникари. Засега нема детали за причините за пожарот.
„Ником“ е семејна фабрика, основана во 1993 година, за производство на дрвена амбалажа од сите видови димензии, како и производство на пелети. Располага и со ладилник за складирање на земјоделски производи.